|
Забавен шаховски речник
Аматер: во шахот, оној кој игра за пари. Анализа: Несоборлив доказ дека партијата која сте ја загубиле, сте можеле да ја добиете.
Бирдово отворање: 1.f4. Отворање наречено по еден силен, но и кратковиден англиски мајстор, кој честопати со рака земал погрешен пешак.
Боби Фишер: Шахист кој се појавува на секои 20 години за да го победи Борис Спаски во меч. Брилијантност: Дел од комбинацијата кој им е јасен на сите откако ќе им го кажат решението. Буе: На турнирите кои се играат по Швајцарски систем, цел поен кој ви го подарува мистериозен противник. Велемајсторско (салонско) реми: Пријателски крај на партија помеѓу двајца шахисти кои се плашат еден од друг. Викенд турнир: Турнир на кој патувате и по 200 km за да одиграте партија со противник од Вашиот град. Гамбит: Неоснована жртва во отворањето. Добар ловец: Оној кој го има Вашиот противник. Добиена партија: Секоја партија која сте ја загубиле. Дописен шах: Начин на игра преку кој се утврдува кој има посилен компјутер. Енциклопедиски играч: Шаховски фанатик, кој својата релативно празна глава ја пополнува со информации, кои ја прават уште попразна. Ж'дуб: Француски збор, значи: “Што правам по ѓаволите? Ако ја мрднам фигурава, изгубен сум!“ Жртва: Било која фигура која сте ја оставиле за џабе. Завршница: Ваша последна шанса да спасите реми. Замка: Нешто што сте го знаеле, ама сте го заборавиле и сте се сетиле кога било премногу доцна (затоа што се паднале во неа) Изгубена партија: Тоа е она што го има вашиот противник пред да ве победи. Изолиран пешак: Пешак кој во завршницата ќе постане Дама. Интернет шах: Начин на играње во кој морате да платите месечна рата за да играте со комшијата кој живее преку улица. Комбинација: Било која серија потези која просечен играч не може да ја разбере. Коментатор: Човек кој ве води низ некоја сложена Велемајсторска партија, при што прво го одигрува отворањето, потоа не коментира ништо додека едниот не дојде во позиција со фигура повеќе, за на крајот да покаже како другиот можел да даде поголем отпор. Компензација: Тоа е она што се убедувате себеси дека го имате кога ќе изгубите пешак. Кружен (Бергеров) турнир: Натпреварување во кое не можете да се договорите со судијата да не ве парува со играчот од кој се плашите. Лажење: Единствен начин некој да ве победи. Лош ловец: Оној ловец кој ви останал на таблата. Морална победа: Секоја победа која е нешто помала од вистинската. Овој термин се користи често за поразениот шахист да се чувствува подобро. Напаѓачки потези: Потези кои вашите противници ги играат почесто од вас. Нејасна позиција: Позиција во која двајцата шахисти немаат поим што се случува. Опен турнир: Турнир отворен за сите , слаб турнир. Отворање: Фаза од партијата во која интелегенцијата не игра никаква улога. Пацер: Термин со кој го нарекувате секој играч кој можете да го победите, но и термин кој е навредлив кога Вас така ќе ве опише некој посилен играч. Победување: Начин на создавање непријатели. Позициона жртва: Потез толку длабок, што коментаторот, ако не ви е пријател, ќе го нарече превид. Познавач на теорија на отворање: Признат авторитет кој мисли дека едно отворање е подобро од друго. Превид: Амбициозна жртва, чиј резултат е послаба позиција. Предадена партија: Начин на завршување на партијата кој им е непознат на слабите шахисти. Противник: Валкана личност со лош изглед. Професионален шахист: Секој шахист кој се обидува а не може да живее од шахот. Рејтинг систем: Објективен начин на рангирање на шахистите кој не ја зема во предвид убавината на Вашите партии. Решевски, Семи: Осумдесет годишно чудо од дете. Рокада: Дефанзивен потез кој го игра Вашиот плашлив противник; Посебен потез со кој Вие го заштитувате кралот. Симултанка: Демонстрација на самозаљубеност со која поединецот ја покажува својата шаховска сила, победувајќи 40 почетници истовремено. Скромност: Ретка особина кај Велемајсторите. Слаб шахист: Секој шахист кој успева да ве победи три пати по ред. Совршена партија: Термин со кој ја опишувате секоја Ваша победа. Сом: Шахист кој упаѓа во сите замки кои ќе му ги поставите и на крајот уште и успева да Ве победи. Средишница: Во дописниот шах, првиот потез после анализите. Стратегија: Било која идеја која е подолга од еден потег. Таблата е погрешно поставена: Вообичаена реченица на секој шахист кој гледал ТВ програма во која покажувале шаховска гарнитура. Тактика: Закана во еден потег. Теоретска новост: Нов, или подолго заборавен потег, кој има навика да го вознемири мајсторот. Фер шахист: Оној шахист кој добро ја прикрива омразата кон шахистот од кого загубил. Хипермодерно отворање: Секое отворање во кое е невозможно брзо да примите мат. Центар: Според хипер-модернистите, тоа е површината која се наоѓа помеѓу полињата a1, a8, h1, h8. Шампион: Некој кој постигнал поголем успех, само затоа што имал повеќе време да му посвети на шахот од Вас. Шах: Најинтересна интелектуална игра која се игра на културен начин, по сите цивилизирани правила и принципи. Целта е да се уништи противникот. Шах-Мат: Болно мачење на почетниците кои не го разбираат зборот “предавам“. Шаховска грозница: Заболување познато помеѓу најмладите членови на клубот, се карактеризира со грицкање нокти, потечени очи и треперливи раце. Шаховски егоист: Шахист кој повеќе ужива да Ви ги опишува неговите победи отколку да слуша за Вашите. Шаховски принципи: Архаичен термин, Таљ докажал дека се бескорисни. Шаховски проблем: Било која позиција која не може да настане во вистинска партија. Швајцарски систем: Систем на парување полн со дупки, како и некои други Швајцарски производи.
|