| Две нови меѓународни титули за наши шахисти |
|
|
| Четврток, 11 Декември 2008 14:04 |
|
На 79. Конгрес на FIDE кој се одржа во Дрезден за време на одржувањето на шаховската Олимпијада, верификувани се освоените меѓународни титули на двајца наши шахисти, Филип Панчевски ( титула Интернационален мајстор ) и Иван Кочовски ( титула FIDE судија ).
По освојувањето на трите норми за Интернационален Мајстор на турнирите во Калитеа, Грција 2003, Охрид 2006 и Белград, Србија 2008, и потребниот рејтинг од 2400 поени, Филип Панчевски ги комплетираше сите услови за освојување на оваа меѓународна титула. Му посакуваме уште поголеми успеси и достигнување на најпрестижната, Велемајсторска титула.
FIDE мајсторот и стручен секретар при ШФМ Иван Кочовски, после многу одсудени првенства и турнири во Македонија како и надвор, доби уште една титула: FIDE судија. После ова признание од страна Светската шаховска федерација, Иван Кочовски е моментално единствениот наш FIDE судија.
Честитки и за двајцата! |
















