|
Среда, 11 Февруари 2009 03:26 |
|
Под покровителство на шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје, се отвора нова шаховска школа во главниот град, со која ќе раководи нашиот Интернационален мајстор Дејан Стојановски.
Информации:
1. Од 06.02.2009 шаховската школа врши уписи на нови членови.
2. Спонзор на школата е ШК „Алкалоид“ од Скопје.
3. Посебни услови за почетници: првиот месец посетувањето на школата е бесплатно.
4. Предавач е познатиот македонски шахист, Интернационалниот мајстор и единствениот македонски тренер со диплома FIDE Инструктор, Дејан Стојановски.
5. Школата ќе работи 2 пати неделно, секоја среда и петок од 18 до 20 часот, додека во саботите е предвидено да се организираат турнири за членовите на школата.
6. Локацијата на школата е на улица Букурешка бр.51
Лица за контакт:
Дејан Стојановски: 077 762 718
Горан Главинац : 077 914 911
|