| Брзопотезни турнири на ШК „Гамбит“ |
|
|
| Петок, 20 Февруари 2009 16:46 |
|
Во просториите на шаховскиот клуб „Гамбит“ од Скопје на 19.02 2009 се одржа брзопотезен турнир на кој зедоа учество 11 шахисти, а првото место го освои ИМ Орце Данчевски од ШК „Гамбит“. Трката околу првото место беше крајно неизвесна и заврши со делба на првото место помеѓу Орце Данчевски и Зоран Танчев од шаховскиот клуб „Карпош“. И двајцата имаа по 8.5 поени, додека третото место му припадна на ФМ Зоран Стојчевски од ШК „Гамбит“. Комплетната бергер-табела можете да ја преземете овде: gambitcuger1.zip
Судија на турнирот беше Владимир Владимиров од Скопје. Брзопотезни турнири ќе се одржуваат секој четврток во шаховскиот клуб „Гамбит“, а секоја среда и петок во шаховскиот клуб „Карпош“. Од двата клуба ги покануваат сите шахисти и љубители на шаховската игра да земат учество на турнирите. |














