| Записник од Седница на УО на ШФМ, одржана на 18 март 2009 |
|
|
| Петок, 20 Март 2009 15:14 |
|
ШАХОВСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Број 35-09/ март 19, 2009 година З А П И С Н И К бр.11
Од Седницата на Управниот одбор на ШФМ одржана на 18 март 2009 година, со почеток во 19,30 часот, во Домот на градежните работници во Скопје.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записникот бр.10 2. Измени во составот на УО 3. Подготовки за Годишното собрание на 28 март 4. Проширување на Календарот за 2009 година 5. Разно
I
I I
I I I
Подготовките за Годишното собрание на 28 март се во тек. И покрај актуелните тешкотии во кои се наоѓа Шаховската федерација на Македонија и време на локални и претседателски избори,Претседателот П.Гичаровски инсистираше да не се пролонгира неговото одржување.
IV
При неодамнешната средба на Претседателот на Европската шаховска федерација, Словенецот Борис Кутин и претставници од ШФМ, со Премиерот на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, беше ветена безрезервна подршка од Владата на Република Македонија за организацијата на Купот на европските шампиони во Струга,од 10-18.10.2009 година. Наградниот фонд и банкарскиот депозит кон ECU (Европската шаховска федерација) директно ќе го покрие Владата на Република Македонија. На истата средба Борис Кутин го искористи моментот за да предложи и издејствува и организација во Македонија на Светски шаховски камп за деца до 16 години. Претседателот Гичаровски предложи Кампот да се одржи од 01-09 јули.Според неговите анализи, ќе и предложи на ECU континентална застапеност : 20 претставници од Европа, 16 од Азија , 5 (пет) од Америка и 3 (три) од Африка. Како придружни лица предвидува да допатуваат 7(седум) лица. Агенцијата за млади и спорт ќе го плати престојот за нив (51 лице). Одобрени се околу 10.000 евра . ECU ќе ги покрие трошоците за хонорарите на предавачите од странство, познатите велемајстори Александар Бељавски и Адријан Михаљчишин. Домашна поткрепа ќе имаат во интернационалните мајстори Орце Данчевски и Марјан Митков. Бројот на квалитетни млади шахисти од Македонија кои ќе присуствуваат на Светскиот камп дополнително ќе го определи Комисијата за младински шах. Секако треба да има попуст за македонски млади шахисти кои самоиницијативно ќе сакаат да го посетуваат Кампот. Може да се очекува присуство и на млади шахисти од соседните земји кои сами ќе си го платат престојот. П.Гичаровски,при посета на повеќе хотелски капацитети во Охрид и Струга, како најповолно решение за одржување на Светскиот камп го предложи објектот на Црвен крст, хотел Салферино во Струга. Истиот располага со две конференциски сали опремени со ЛЦД проектор и бежичен интернет. Има прекрасна летна тераса покрај езерото, приватна плажа и терен за спортски активности. Пансионот во двокреветна соба е 1200,00 денари. За еднокреветна доплата од 20%. Капацитетот на хотелот се состои од 15 трокреветни, 15 двокреветни соби и 3 (три) апартмани. Понудениот хотел беше едногласно изгласан, со забелешка да се припази на капацитетот, ако интересот за Кампот биде над очекуваните бројки. Расписот ќе биде објавен на сајтот на ECU и ФИДЕ(Светската шаховска федерација). V
Записничар,
Иван Кочовски (с.р.) |














