|
Петок, 20 Март 2009 16:01 |
|
Врз основ на член 18 од Статутот на Шаховската федерација на Македонија закажувам седница на Годишно собрание на Шаховската федерација на Македонија со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Отворање на седницата
- Избор на верификациона комисија(претседател и двајца членови)
- Избор на работно претседателство
- Избор на записничар и двајца оверувачи на записникот
2. Усвојување на Деловник за работа на Собранието на ШФМ
- Прилог: Предлог Деловник за работа на Собранието на ШФМ
3. Извештај за работата на ШФМ во 2007 и 2008 година
- Извештај на Претседателот на ШФМ за работата во 2007 и 2008 година
- Прилог: Извештај на ШФМ за 2007 и 2008 година
- Прилог: Финансиски извештаи за 2007 и 2008 година
- Извештај на Надзорниот одбор за финансиското работење во 2007 и 2008 година
4. Разно
Седницата на Собранието на Шаховската федерација на Македонија ќе се одржи на ден 28.03.2009 (сабота) со почеток во 11 часот, во МКЦ ( Младински културен центар) на првиот кат, „Кеј 13 Ноември“, во Скопје.
Патните и дневните трошоци за делегатите на Собранието паѓаат на товар на организациите кои ги делегираат.
Секој делегат е должен да поднесе заверено полномошно од организацијата која го делегира.
Шаховска федерација на Македонија
Претседател, Петар Гичаровски с.р.
Симнете документи:
|