| Брзопотезни турнири во организација на ШК „Карпош“ - Стојановски максимално |
|
|
| Недела, 05 Април 2009 18:49 |
|
Во новите простории на шаховскиот клуб Карпош, на 03.04 2009 (петок) се одржа брзопотезен турнир на кој зедоа учество 11 шахисти. Првото место повторно му припадна на ИМ Дејан Стојановски со максимални 10 поени од исто толку одиграни партии. Зоран Танчев, мораше да се задоволи со второто место, додека третото го поделија Мукаетов и Николов. На турнирот настапи и ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ.
Максимални 10 поени од 10 партии : ИМ Дејан Стојановски Конечна табела: 1. Стојановски 10.0 2. Танчев 7.5 3. Мукаетов 7.0 4. Николов 7.0 5. Илиќ 5.0 6. Раниќ 4.5 7. Оровчанец 4.0 8. Јанков 4.0 9. Мишковски 3.0 10. Куков 2.0 11. Цветкоски 1.0 Судија на турнирот: Вахидин Исмаили Турнирите во ШК „Карпош“ се одржуваат редовно а од клубот ги покануваат сите шахисти да земат учество. Клубот води и внатрешна рејтинг листа за брзопотезен и забрзан шах. |















