|
Симултанка на ВМ Јаќимовиќ во Св.Наум |
|
|
|
Понеделник, 11 Октомври 2010 00:00 |
Во организација на Шаховската федерација на Македонија и Телевизија Сител, вчера во познатата туристичка локација Св.Наум се одржа симултанка, на која 25 деца имаа ретка прилика да играат против Велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ.
Симултанката се одржа во ресторанот „Острово“. Децата имаа прилика и да уживаат во убавините на Св.Наум, а за спомен од симултанката добија и маици. Се на се, убава идеја која треба да прерасне во традиција. |