| Трајко Недев победник на викенд турнирот на Општина Карпош |
|
|
| Понеделник, 01 Ноември 2010 00:48 |
|
Второто место му припадна на ИМ Дејан Стојановски, а понатаму следат ИМ Орце Данчевски, ФМ Зоран Илиќ, ФМ Зоран Стојчевски и ФМ Ристе Менкиноски.
Награди освоија и младиот Коста Пеев за најдобар шахист со рејтинг помал од 2000 поени, како и Живко Ристиќ за најдобар шахист аматер, жител на Општина Карпош. Турнирот го затвори градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стевче Јакимовски, кој најави организација на уште поголем и поквалитетен шаховски турнир за следната година. Комплетната табела можете да ја преземете овде. |
















