| Лидија Софревска Андонова е нов Претседател на ШФМ |
|
|
| Понеделник, 06 Декември 2010 11:50 |
На седницата на собранието на Шаховската федерација на Македонија, одржано на 5 декември, со едногласна поддршка на сите присутни делегати за нов претседател е избрана Лидија Софревска Андонова од шаховскиот клуб „Алкалоид“ - Скопје.
![]() Предлог - програма за работа на ШФМ: Основна цел на работата на ШФМ во наредниот период е да се фокусира на популаризација на шахот во насока на создавање позитивно јавно мислење за шахот како интелектуална, ценета активност, квалитетно дополнување на процесот на едукација на младите. Воедно, шахот е спорт кој во Македонија постигнувала и може и во иднина да постигнува резултати од светски ранг. 1. Развој на јуниорскиот шах како најприоритетна активност. 2. Организација на квалитетни шаховски натпревари, враќање на рангот на државниот шампионат и организирање квалитетен меѓународен турнир. 3. Поддршка за активирање на шаховските клубови по градовите - тие се основни носители на масовноста и шаховскиот живот. 4. Активности за повторно обезбедување простор за Шаховски Дом во Скопје. Во продолжение, следи листата на членови на органите на ШФМ: Управен одбор: 1. Лидија Софревска Андонова Претседател Алкалоид АД - Скопје 2. Сеад Кочан Член Претседател на Градежна Комора при Сојуз на Стопански Комори 3. Благоја Богоевски Член Скопје 4. Сотир Петковски Член Скопје 5. Трајко Недев Член Велемајстор - Неготино 6. Дејан Ѓорѓески Член Директор на ПИОМ за град - Скопје 7. Драги Семенпеев Член Софија - Богданци 8. Зоран Стојкоски Член Интеграл - Тетово 9. Зоран Стојчевски Член Асеко - Скопје Надзорен одбор: 1. Филип Милошевски Претседател 2. Славе Трајкоски Член 3. Љубомир Илиќ Член |
















