| Чоловиќ триумфираше вчера, Стојановски севкупно |
|
|
| Понеделник, 27 Декември 2010 11:35 |
|
![]() Пехарот на Дејан Стојановски му го предаде Никола Димовски
Чоловиќ стигна до триумфот со 9 поени од 11 партии, а поен зад него заостана Стојановски на кој второто место на турнирот му беше доволно за севкупен триумф. Награди освоија уште и Органџиев, Станојоски, Панчевски и Менкиноски. Пригодни награди од организаторот Алкалоид добија и најдобриот јуниор Кренар Таири, најдобрата дама Моника Стојковска и најдобриот ветеран Илија Стошевски. Турнирот го затвори Никола Димовски кој најави дека Алкалоид и следната година ќе организира серија на турнири по забрзано темпо. Судии на турнирот беа Вахид Исмаили и Сашко Лакински а уште еднаш библиотеката „Страшо Пинџур“ во зградата на ЗОИЛ се покажа како одличен домаќин. Целосната табела можете да ја преземете овде. |
















