|
Прво Отворено првенство на Македонија во забрзан шах |
|
|
|
Понеделник, 17 Јануари 2011 16:07 |
Во сабота, 22 јануари, во организација на Шаховската федерација на Македонија, ќе започне Шаховскиот фестивал, во чии рамки ќе се одржат три турнири. На 22 јануари ќе се одржи првото Отворено првенство на Македонија во забрзан шах
(15 минути + 10 секунди). На 23 јануари ќе се одржи првото Отворено првенство на Македонија во брзопотезен шах (3 минути + 2 секунди). Третиот турнир е Отвореното првенство на Македонија во забрзан шах за млади, кое ќе се одржи на 22 и 23 јануари.
Турнирите ќе се одржат во хотелот Континентал во Скопје. Расписот за турнирите можете да го преземете овде. |