|
Алкалоид АД - Скопје, спонозор на ШФМ |
|
|
|
Понеделник, 07 Февруари 2011 17:43 |
Со потпишувањето на Договорот за спонзорство, на 26 јануари 2011 година, АЛКАЛОИД АД-Скопје се стекна со називот Спонзор на Шаховската федерација на Македонија.
Спонзорството го дава како свој придонес во реализација на Планот за работа и Програмата со финансиски план на Шаховската федерација на Македонија во 2011 година. Особено ќе го подржи развојот на шахот за млади, организацијата на квалитетни државни шаховски првенства во сите категории, организација на квалитетен меѓународен турнир и подготовките и настапот на репрезентацијата на Македонија на Европското екипно првенство.
|