| Првенство на Македонија во шах за 2011 - најава |
|
|
| Среда, 30 Март 2011 13:07 |
|
Право на учество изборија следните шахисти:
1. ИМ Филип Панчевски, 2395, шампион на Македонија за 2010 година
2. ВМ Владимир Георгиев, 2576, пласиран според рејтинг
3. ВМ Никола Митков, 2529, пласиран според рејтинг
4. ВМ Звонко Станојоски, 2480, пласиран според рејтинг
5. ВМ Трајче Недев, 2479, пласиран според рејтинг
6. ИМ Александар Чоловиќ, пласиран според рејтинг
7. ФМ Ристе Менкиноски, 2298, I место на Пролетен отворен турнир
8. ИМ Марјан Митков, 2401, II место на Пролетен отворен турнир
9. Роберт Велески, 2234, III место на Пролетен отворен турнир
10. Игор Петровски, 2177, млад шахист делегиран од УО
Учесниците кои изборија пласман треба да го потврдат своето учество најдоцна до 10 април, во спротивно се смета дека немаат намера да учествуваат на шампионатот. Резервите се одредуваат на следниот начин: 1. Во случај на отказ на победникот од претходното првенство, пополнувањето се врши по понатамошниот редослед,доколку играчите имаат освоено повеќе од 50% поени. Редоследот на критериумите ќе се применува како се набројани. Натпреварувач кој ќе стекне право на учество по еден основ, не може да се третира како квалификуван или резерва по друг основ. За учесниците кои не се од Скопје, организаторот обезбедува полн пансион во хотелот Континентал. Наградниот фонд изнесува 270 000 денари и е поделен на следниве награди: I место: 90 000 денари
II место 70 000 денари
III место 50 000 денари
IV место 35 000 денари
V место 25 000 денари
Играчите пласирани од VI до X место добиваат по 3000 денари од победа. Најдобрите тројца ќе изборат пласман на Првенството на Македонија за 2012 година. |















