| Роберт Маркуш победник на „ОПЕН Карпош“ |
|
|
| Сабота, 09 Април 2011 20:33 |
|
Најдобро пласирани од нашите шахисти беа Драгољуб Јаќимовиќ и Владимир Георгиев, но турнирот измина во знакот на големото изненадување, младиот тетовски шахист Игор Петровски, кој одигра одличен турнир и ја освои својата прва норма за Интернационален мајстор.
Турнирот го затвори градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стевче Јакимовски, кој ги поздрави гостите од странство и домашните шахисти и ја изрази својата благодарност до шаховскиот клуб Гамбит Асеко-Сее, Шаховската федерација на Македонија и компанијата „Реплек“ за нивниот придонес во организацијата на овој силен меѓународен турнир, и најави дека Општина Карпош и во иднина ќе го поддржува шахот. На турнирот настапија 77 шахисти од 12 држави. Конечната табела како и останатите резултати и податоци можете да ги погледнете овде. |
















