|
Бизнис Милениум и Куманово се враќаат во елитата |
|
|
|
Понеделник, 23 Мај 2011 00:20 |
|
Екипите на Бизнис Милениум и ГШК Куманово се враќаат во елитното шаховско друштво откако се пласираа на првите две места во квалификациите за Екипното првенство, кое ќе се одржи во месец август во Струга.
Расплетот не е изненадување, а само екипата на Карпош успеаваше да се доближи до местата кои водат во повисок ранг, но поранешниот прволигаш немаше сили за пласман.
Учествуваа седум екипи а конечната табела, како и сите поединечни и екипни резултати можете да ги погледнете овде.
Им честитаме на победниците!
|