|
Chess-Results на Македонски! |
|
|
|
Сабота, 27 Август 2011 23:33 |
|
Од денес, благодарение на г-дин Атанас Караџа кој се потруди да направи превод, популарниот сервер за шаховски резултати Chess-Results ќе можете да го следите на Македонски јазик.
Со оглед на тоа дека овој сервер е најпрактичен начин за следење на резултатите од шаховските турнири ширум светот, и се почесто го употребуваме и кај нас, оваа можност е навистина за поздравување.
Благодарност до г-дин Караџа за преводот и до г-дин Херцог кој го прифати и го постави Македонскиот јазик на својот сервер. Chess-Results моментално е достапен на 21 јазик. |