|
Шахистите го одбележаа 11 Октомври |
|
|
|
Петок, 14 Октомври 2011 13:46 |
|
Шахистите го одбележаа денот на народно-ослободителното востание 11 Октомври со два настани. Во Прилеп се одржа традиционалниот меч помеѓу Прилеп и Куманово, кој овој пат се играше на пет табли по забрзано темпо.
Се одиграа 50 партии а славеа гостите од Куманово со 27.5 - 22.5. Поединечно, најдобар резултат имаа ФМ Зоран Илиќ и Дејан Ѓеорѓиевски кои освоија по 9 поени од 10 партии, а во меѓусебниот дуел одиграа 1:1. Настанот измина во убава атмосфера и дружење помеѓу шаховските пријатели.
Во Скопје пак, во организација на ШК Карпош и во соработка со шаховските школи на Дејан Стојановски и Влатко Богдановски, се одржа турнир на кој настапија 30 шахисти. Се одиграа седум кола а победи ИМ Стојановски со 6.5 поени. Настапија повеќе искусни шахисти а турнирот беше убава прилика и за помладите да одиграат корисни партии. |