energomont
bauer
drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
Свечено е отворен 19-ти ОПЕН Скопје PDF Печати
Понеделник, 24 Октомври 2011 22:18
sfmДиректорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазе Поповски, свечено го отвори 19-тиот ОПЕН Скопје, кој се одржува под покровителство на Генералниот спонзор на ШФМ, компанијата Алкалоид АД од Скопје.

Поповски во своето обраќање до присутните нагласи дека е од особен интерес да се продолжи дводецениската традиција на овој турнир.

popovski-sofrevska-open-skopje
Директорот на АМС Лазе Поповски и Претседателката на ШФМ Лидија Софревска-Андонова

Традицијата на одржување силни меѓународни шаховски турнири во Македонија најмногу е поврзана со градот Скопје Започнува со турнирите ‘‘13 Ноември‘‘, продолжуваат легендарните ‘‘Турнири Средба на Солидарноста‘‘ (организирани 1967 – 1976 година, на кои учествувале и светските прваци Фишер и Карпов), и потоа Турнирот ‘‘Скопје Опен‘‘ - 18 турнири во континуитет од 1984 – 2002 година, на кои редовно се натпреварувале повеќе од 70 шахисти од целиот свет.

Согледувајќи го непроценливото значење што овие турнири го имаат за меѓународната афирмација на нашата држава Република Македонија, а секако и за популаризација и развој на шаховската игра кај нас, Шаховската Федерација на Македонија се ангажира во 2011 година да ја обнови традицијата за организирање на овој врвен меѓународен турнир. Овој пат и како дел од серијата Балкански Гран При Турнири.

Со иницијатива  на Балканската Шаховска Федерација од 2009 година започна организација на серија шаховски турнири Балкан Гран При. Циклусот годишни натпревари предвидува по еден отворен меѓународен турнир во балканските земји и на крајот од годината финален турнир на најуспешните. За 2011 година Балкан Гран При турнири се одржуваат во Црна Гора, Романија, Бугарија, Македонија и Србија.

19-ти ОПЕН Скопје се одржува во хотелот Континентал. Партиите започнуваат секој ден во 16.30, освен последното коло кое се игра во 10.30 на 01 ноември.

Информации за турнирот можат да се следат на нашиот сајт како и на меѓународниот шаховски сервер chess-results.