|
Започна Европското првенство, Македонија поразена од Израел |
|
|
|
Четврток, 03 Ноември 2011 22:17 |
|
Започна Европското првенство во Порто Карас, Грција. Нашата репрезентација, рангирана на 30-то место, во првото коло доживеа пораз од 11-тиот носител, репрезентацијата на Израел. Само Владимир Георгиев славеше на првата табла со црни фигури против Родштеин, но Недев, Панчевски и Станојоски се поразени.
 Започна со победа: ВМ Владимир Георгиев
Израел - Македонија 3:1 Родштеин (2645) - Георгиев (2553) 0:1 Сутовски (2696) - Недев (2493) 1:0 Роиз (2651) - Панчевски (2442) 1:0 Постни (2640) - Станојоски (2470) 1:0
Утре нашите се среќаваат против Црна Гора, репрезентација која е рангирана едно место повисоко од нас. |