| Пораз од Исланд, нова победа на Панчевски |
|
|
| Вторник, 08 Ноември 2011 21:04 |
Непријатен пораз од Исланд претрпе нашата репрезентација денес со што значително ни се намалени шансите за добар резултат на Европското првенство. Но сепак, остануваат уште три кола до крајот во кои избраниците на селекторот Јаќимовиќ ќе се обидат да се вратат во средината на табелата.
Втор ден по ред Филип Панчевски е единствениот наш шахист кој забележува победа. Денес тој го совлада Браги Торфинсон, додека Звонко Станојоски ремизираше со Бјорн Торфинсон. Но и ова не беше доволно затоа што на првите две табли бевме поразени по што Исланд ги однесе бодовите. ![]() Од денешниот двобој на првата табла: Георгиев - Даниелсен Македонија - Исланд 1.5:2.5 Георгиев (2553) - Даниелсен (2542) 0:1 Недев (2493) - Гретарсон (2452) 0:1 Панчевски (2442) - Торфинсон Браги (2421) 1:0 Станојоски (2470) - Торфинсон Бјорн (2402) реми 17-то рангираната Романија неочекувано се искачи на првото место по денешната победа против домаќинот Грција. Азербејџан е втор откако и нанесе пораз на Русија, по што првиот фаворит на турнирот моментално е на 13-то место. Бугарија е третата репрезентација со 10 бодови, а составот предводен од Веселин Топалов денес одигра 2-2 против Франција. Од 4-6 место следат Ерменија, Германија и Франција со 9 бодови. |