| Македонија во лоша серија |
|
|
| Среда, 09 Ноември 2011 21:27 |
Уште еден пораз од три места подобро рангираната Латвија. Овој пат успеаме да ги задржиме противниците на првите две табли на кои Геориев и Чоловиќ ремизираа, но Панчевски и Станојоски не ја повторија играта од вчерашниот меч и Македонија не успеа да стигне до позитивен резултат.
Малку време за поправање на впечатокот во последните две кола, иако мора да се напомене дека со исклучок на Кипар, играме тежок турнир со силни противници. Македонија - Латвија 1:3 Георгиев (2553) - Миезис (2547) реми Чоловиќ (2451) - Свешников (2514) реми Панчевски (2442) - Неиксанс (2502) 0:1 Станојоски (2470) - Староститс (2456) 0:1 Во моментов сме 33-ти и само со две победи во последните две кола можеме да се пласираме на место повисоко од нашиот почетен ранкинг. Утре се среќаваме со Луксембург. Силната репрезентација на Азербејџан, актуелниот првак од Европското првенство во Нови Сад пред две години го презеде водството откако високо ја совлада до ова коло водечката Бугарија со 3.5:0.5. Азербејџанците имаат 12 бода, 1 повеќе од Ерменија и Германија. |















Уште еден пораз од три места подобро рангираната Латвија. Овој пат успеаме да ги задржиме противниците на првите две табли на кои Геориев и Чоловиќ ремизираа, но Панчевски и Станојоски не ја повторија играта од вчерашниот меч и Македонија не успеа да стигне до позитивен резултат.
Малку време за поправање на впечатокот во последните две кола, иако мора да се напомене дека со исклучок на Кипар, играме тежок турнир со силни противници.