| ЕКУ и АМС со поддршка за „Шах во Училиштата“ |
|
|
| Четврток, 10 Ноември 2011 00:38 |
Извршниот директор на Европската шаховска унија, Владимир Шакотиќ, вчера беше гостин во Македонија и заедно со претседателката на ШФМ Лидија Софревска-Андонова и потпретседателот Благоја Богоевски, оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазе Поповски.
![]() На средбата беше разговарано за проектот „Шах во Училиштата“ кој со голем успех се применува во многу држави меѓу кои и Црна Гора и Србија. И Поповски и Шакотиќ го поддржаа овој проект во Македонија по што се очекува да се примени во одредена форма од следната учебна година.
![]() Задоволство од соработката со АМС изрази и претседателката на ШФМ која најави дека следната година, по повод 40 години од одржувањето на Шаховската Олимпијада во Скопје, во нашата држава ќе гостуваат претседателот на ЕКУ Силвио Данаилов и еден од најсилните шахисти на денешницата, Веселин Топалов, кој во таа пригода ќе одигра симултанка во Скопје. |

















