energomont
bauer
drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
Промени во Шаховската федерација на Македонија PDF Печати
Вторник, 31 Јануари 2012 23:50

sfmНа 28 јануари во Скопје беше одржана Седница на Собранието на ШФМ на која се случија значителни промени. Имено, претседателката на ШФМ, Лидија Софревска-Андонова понуди оставка со цел да се изнајде друга личност која ќе може и натаму да обезбеди финансиски средства за федерацијата да продолжи квалитетно да функционира , со оглед на тоа дека А.Д. Алкалоид Скопје не е повеќе спонзор на федерацијата. Бидејќи во моментот немаше адекватен кандидат, оставката не е прифатена. Делегатите се договорија актуелното раководство да продолжи да ја води федерацијата до наредната седница која е предвидена да се одржи до крајот на март.

Едногласно беа усвоени извештаите за работењето во минатиот период со оценка дека федерацијата успешно работела. Формирана е работна група која треба да работи активно за изнаоѓање решение, односно лице кое би застанало на чело на федерацијата.