| ИМ Филип Панчевски првак на Македонија за 2010 |
|
|
Во Струга, традиционално, од 18 - 24 јули 2010 се одржа 19- тото поединечно првенство на Македонија во шах. Оваа година турнирот имаше меѓународен карактер. Настапија вкупно 32 играчи од кои 1 од Бугарија, и по 2 од Србија и Словенија. Партиите од шампионатот може да ги следите преку сајтов.Резултатите од турнирот може да ги следите и на светскиот портал за шах резултати: Поединечно првенство на Македонија во шах, Струга-хотел Дрим,18-24 јули 2010 Победник е ИМ Филип Панчевски.На тој начин титулата заслужено остана во Република Македонија. За тоа сепак енајзаслужен стружанецот Гаврил Скрчевски кој во последното коло му откина цел поен на фаворизираниот за прво место бугарот ИМ Сашо Николов. Сите честитки за успешните, а на помалку успешните повеќе среќа да им посакаме на идните првенства.Настаните од првенството, може со еден клик на маусот да ги проследите на следнава таблица. |

















