| Стојановски, Митков и Стојковска, прваци за 2011 |
|
|
|
Дејан Стојановски победи на отвореното првенство во забрзан шах (темпо на игра 15'+10''). Тој освои 7 поени од 9 кола и за половина поен и побегна на група од 7 шахисти. На првенството во брзопотезен шах (темпо на игра 3'+2'') победи Марјан Митков кој освои 9.5 поени од 13 кола. Со овој резултат се најде на делба на место со клупскиот колега Орце Данчевски, но имаше подобар бухолц со што дојде до победничкиот пехар. На првенство во забрзан шах за млади, убедливо победи Моника Стојковска со 8.5 поени од 9 одиграни партии.
Пригодни награди добија и победниците во различни категории на отвореното првенство во забрзан шах. Бојана Бејатовиќ беше најдобра кај дамите кои настапија на турнирот, Љубомир Хаџиманев беше најдобар кај ветераните, наградата за најдобар шахист со рејтинг помал од 2200 поени отиде кај Димитар Качаковски, а наградата за надобар шахист со рејтинг помал од 2000 поени кај Ненад Баткоски. На шаховскиот фестивал зедоа учество над 80 шахисти. Отвореното првенство во забрзан шах од здравствени причини мораше да го напушти велемајсторот Звонко Станојоски, на кого сите шахисти му посакуваме добро здравје и брзо враќање на шаховските турнири. Во продолжение следат и три видеа од почетокот на првенството во забрзан шах, неколку моменти од првенството во брзопотезен шах и затворањето на фестивалот и доделувањето на наградите. Благодарност до г-дин Петар Лазов за видеата. Извештајот од овие првенства со комплетните табели можете да го симнете овде. Галерија со фотографии од настанот можете да погледнете овде. |
















