|
РАСПИС
1. Првенството ќе се одржи во Скопје, од 01 - 06 април 2009 година, во МКЦ (Младински културен центар), “Кеј 13 Ноември”, на првиот кат, во организација на Шаховската федерација на Македонија .
2. Техничката организација и извлекувањето натпреварувачки броеви ќе биде на 01 април (вторник), од 16,30-17,00 часот. Веднаш потоа се игра првото коло.
3. Право на учество имаат девојчиња и момчиња, родени 2001 година и помлади,државјани на Република Македонија. Како доказ за година на раѓање ќе послужи извод од книгата на родени или ученичка книшка со слика за учебната 2008/2009 година.
4. Првенството ќе се игра,во зависност од бројот на учесници, по Швајцарски или по Бергеров систем, со темпо на игра 60 минути по играч, со додаток од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот, до крајот на партијата.
5. Бројот на одиграни партии и времето на одигрување ќе бидат одредени исто така во зависност од бројот на учесници. Организаторот, по потреба, го задржува правото да одржи и две кола во еден ден.
6. Победнички пехар, медали и дипломи ќе бидат симболичен надоместок за вложениот труд.
7. Првенствата се играат според Правилата за игра на ФИДЕ.
8. Судија на Првенството ќе биде Сашо Лакински од Скопје.
9. Победниците се стекнуваат со право да ја претставуваат Македонија на Европското и Светското првенство за млади во 2009 година.
Скопје, 19.03.2009
Шаховска федерација на Македонија
Кочовски Иван,стручен секретар
|