| Куп на Македонија во шах - Распис |
|
|
|
РАСПИС Екипен Куп на Шаховската Федерација на Македонија за 2009
1.Купот на ШФМ за 2009 година ќе се одржи од 13-17 мај во хотел „Салферино“ (Црвен Крст на град Скопје) во Струга. 2.Пријавувањето на составите и техничката конференција ќе биде на 13 мај(среда) во 11,00 часот. 3.Купот на ШФМ е од отворен карактер.Право на учество имаат клубови регистрирани при ШФМ и екипи од здруженија на граѓани (претпријатија,АД,училишта,факултети,АРМ итн.) 4.Цени за престој
7.Системот на натпревари (по Швајцарски или Бергеров систем) се одредува во зависност од бројот на пријавените екипи. 8.Се игра по бод систем.За победа во мечот (4:0; 3,5:0,5; 3:1 и 2,5:1,5) се добиваат два бода, а за нерешен резултат(2:2) еден бод. 9.Темпо на игра: 90 минути за 40 потези плус 30 минути до крајот на партијата, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот. 10.Партиите се играат секој ден од 16,00 часот, освен последното коло со почеток во 09,30 часот. 11.Купот на ШФМ ќе се рејтингува во ФИДЕ. 12.Победникот добива победнички трофеј и е победник на Купот на ШФМ за 2009 година. Шаховска федерација на Македонија
Иван Кочовски,стручен секретар |














