| Куп на ШФМ за 2011 - Распис |
|
|
Купот на ШФМ за 2011 ќе се одржи во хотелот „Континентал“ во Скопје од 12-13 март. Турнирот е од отворен карактер и на него можат да настапат регистрирани клубови во ШФМ, но и екипи од претпријатија, училишта, факултети итн...
Екипите ќе бидат составени од четири играчи и една резерва, а темпо на игра е 15 минути за целата партија со додаток од 10 секунди. Организаторот, Шаховската федерација на Македонија, обезбеди и награден фонд од 54 000 денари, поделен во три награди. За сите информации преземете го Расписот на турнирот. |















