energomont
bauer
drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
Разговор со Петар Гичаровски (2) PDF Печати
Напишано од Гоце Илковски   
Понеделник, 29 Декември 2008 23:02

Петар Гичаровски, Претседател на ШФМ: Не бегам и од расправа за мое менување


Како го коментирате револтот на македонската женска шаховска репрезентација за не учеството на Шаховската олимпијада во Дрезден?

- Сосема ја разбирам лутината на женската шаховска репрезентација на Македонија, оти и јас, кога би бил на нивно место, така би реагирал. Меѓутоа кога сте на раководна функција и кога некогаш објективните околности ве тераат да донесете решение што е и во спротивност со вашите убедувања и планови, мора да донесете такво непопуларно решение.


Репрезентативките покренаа иницијатива до Надзорниот одбор да свикување на Вонредно собрание на ШФМ?

- Собрание сигурно ќе има, но редовно и во јануари, бидејќи сега нема тоа да биде продуктивно поради блокираната сметка на ШФМ. Сега сите напори се насочени кон деблокада на жиро-сметката, бидејќи не можеме да користиме пари од АМС, а и техничкиот секретар на ШФМ, вака практично не функционира и нема земено плата веќе два месеца.

Какво ќе биде собранието: вонредно или редовно?

- Собранието ќе биде редовно, без разлика на иницијативата. Ќе поднесам годишен извештај и за 2007 година, иако не бев цело време претседател, а подготвен сум да одговорам на сите поставени прашања, како и за оние што не сум ги реализирал досега.

Дали на дневен ред ќе биде поставена и точката за евентуална ваша смена од претседателското место?

- Ако некој делегат постави прашање за мое менување ќе расправаме и по ова прашање, зошто да не, инаку лично нема да го поставам.

Зошто во Дрезден отпатуваа само мажите?

- Постоеше расправа по овој проблем на Седницата на УО на ШФМ, па можам да кажам дека имаше и спротиставени мислења. Сепак, одлуката беше едногласно донесена, од едноставна причина што мажите, сепак, според членовите на УО, можеле да остварат значително подобар резултат.

Зошто шаховските дами и нивниот селектор, веста дека нема да одат во Дрезден ја дознаа на само 3-4 дена пред почетокот на ШО?

- ШФМ планираше да настапат и жените на Олимпијадата, затоа и постави платен женски селектор да работи со нив. Веста дека нема да одат ја дознаа толку доцна, бидејќи и јас до последен момент верував дека ќе одат во Дрезден.

Сепак, која е главната причина за нивното апстинирање?

- Бидејќи спортот зависи во голема мера од спонзорите, јас до последен момент не можев да предвидам дали ќе ги добијам потребните пари. Затоа и одлуката за жените е донесена 3-4 дена пред почетокот на Шаховската олимпијада..

Како успеавте да обезбедите пари за машката репрезентација и дали бевте уценети од нив?

- Парите успеав да ги обезбедам преку мој личен банкарски кредит, кој сега виси, поради блокада на сметката на ШФМ, и не бев уценет, затоа што тие пари кои ги побаруваа ги заслужија. Сега се поставува прашањето: дали тој кредит ќе може да го плати ШФМ или ќе мора јас да го платам тоа, бидејќи банката мене ме задолжила.

Постојат остри примедби и за тоа зошто сте заминале во Дрезден?


- Во Дрезден морав да заминав, бидејќи таму се одржуваше редовен Конгрес на ФИДЕ, каде морав да присуствувам. Истовремено, таму имав и неколку разговори со луѓе од Бордот на ФИДЕ, како и со претседателот на ЕКУ, Словенецот Борис Кутин. Да не заборавиме дека следната година не чека ЕКК во Струга.

Зошто е блокирана жиросметката на ШФМ?

- Поради неплатен долг кон поранешниот Централен шаховски дом (ЦШД), за кој јас воопшто не сум виновен. Тој проблем тлее со години, а доверителот е упорен да ги добие потребните пари, кои со затезната камата сега е огромен.

Дали постои можност да се деблокира жиросметката?

- Јас се надевам на позитивно решение. За тоа постојат алтернативи. Можеби, Агенцијата за млади и спорт ќе ни помогне со одредени средства, а исто и доверителот од друга страна да го намали долгот. Сепак, би сакал да му порачам на доверителот кон ШФМ, дека средствата кои ги побарува од нас и преку извршители сака да ги наплати, тоа не ќе може да го стори, од едноставна причина што ШФМ нема толку парични средства.

Дали се чуствувате виновен поради последните случувања?

- Не. Јас повеќе се доживувам како шаховски работник, отколку како некаков функционер или некоја авторитетна личност. Ако, некои ме доживуваат поинаку, сакам да им кажам дека, се што досега сум сторил е во интерес на шаховските резултати.

Гоце Илковски