energomont
bauer
drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
Разговор со селекторот ИМ Кизов 2009 PDF Печати
Ниво на корисникот: / 14
НајлошоНајдобро 
Вторник, 03 Ноември 2009 13:58

kizovРазговор со ИМ Кизов Атанас  - селектор на Македонската машка репрезетација во шах.Неговите првични впечатоци, оценки и мислења во врска со тукушто завршеното Европско Екипно првенство во Нови Сад, 2009.

  

  

Разговор со ИМ Кизов Атанас  - селектор на Македонската машка репрезетација во шах

 

- Какви се твоите општи впечатоци од тукушто завршеното ЕЕШШ во Нови Сад 2009?

Сеуште мислам дека можеме повеќе од тоа што го постигнавме.Со оглед на незгодниот ждреб што не следеше цело време, пласманот што го постигнавме е во рамките на нашиот рејтинг и стартната позиција што ја имавме пред почеток на европското првенство.Позитивно и светла точка е младиот Панчевски,кој покажа дека местото му е во репрезентација.После 3 пораза,да направиш 3 победи по ред не е мала работа.Има супер шаховски особини. Со постручна работа, посебно во шаховските отворања со право може да очекуваме да стане одличен велемајстор и во иднина да биде носител на нашата репрезентација.

- Во колку хотели се играше и дали беа одвоени мажите и жените како во Охрид?

 Првенството се играше на СПЕНС (спортски комплекс во центарот на градот).И машките и женските играа во иста сала,а сите ние и играчите и организацијата бевме сместени во 4 различни хотела.

 - Споредба Охрид ЕКШ 2009 и Нови Сад ЕЕШШ 2009?

 Без разлика сто јас бев дел од организацијата во Охрид и што знам каде се имаше некои проблеми, сепак мислам дека во однос на Нови Сад нашата организација беше подобра.

 - Нешто во врска со победниците?

 Иако секогаш главни фаворити се Русите, овој пат заслужено победи Азербејџан.Во своите редови го имаат еден од најдобрите играчи во светот во овој момент, а тоа е Вугар Гашимов.

 Допрва ке се чуе за него.Иако и сега по рејтинг е во првите десет играчи на светот.

 - Каков е Нови Сад ти добро го познаваш,бидејќи живееше таму?

 Убав град, поинаква култура од другите градови во Србија,па и на балканот.Тоа го прави посебен.

 - Нашите најдобри моменти?

 Победата што Панчевски ни ја донесе против Србија2, победата на Георгиев против Кожул. Ќе беше голем момент доколку Георгиев победеше против Топалов, а не само реми.

 - Нашите лоши денови?

 Исклучително лоши денови немавме со оглед на тоа дека загубивме мечеви со објективно доста подобри екипи од нашата.

 - Можеа ли нашите подобро?

 Секогаш може подобро.

 - Дали нашите репрезентативци се доволно финансиски мотивирани?

 Мислам дека во овој момент нашата федерација во рамките на своите можности максимално ги мотивираше нашите репрезентативци.Мислам дека и нашите репрезентативци знаејки го тоа се задоволни.

За да биде подобро треба и државата повеќе да финансира во шахот,а посебна забелешка имам до македонскиот олимписки комитет кој никогаш не издвојува пари за настап на нашата репрезентација.Еве следната година имаме олимпијада па да се надеваме иако... 

- Што е со иднината на  женскиот состав?

 Јас од тоа што го видов во Нови Сад можам само да ги пофалам за односот кон репрезентацијата и за нивното залагање на самите мечеви, а и во самите подготовки за истите.Но останува впечатокот дека квалитетот се уште не е на задоволително ниво.

 - Што е следно пред нашата репрезентација?

 Олимпијадата во септември 2010 во Кхантy Мансyиск.

 

 kizov

ИМ Кизов на турнир во Италија