На чекор до највисоката титула
На чекор до највисоката шаховска титула по турнирот во Бенаскуе, Шпанија. „Отровниот пешак“ го урна Корнеев.
Македонскиот интернационален мајстор Александар Чоловиќ е роден на 6.1.1976 во Скопје. По образование е дипломиран филолог на групата англиски јазик и книжевност.Течно зборува шест странски јазици (англиски, руски, шпански, италијански, српски, бугарски). Негови досегашни позначајни шаховски успеси и победи над силни играчи се следниве:
Покрај ИМ нормите (Порто Сан Гиоргио, Палиц и Скопје опен), победил на Првенството на Скопје (1997), освоил 2-ро место на многу силниот опен турнир во Барлета (1999), каде сто го надиграл Комаров и таа партијата била објавена од неговиот противник во шаховски Информатор, поделил 2-ро место на опенот во Ситгес (2001), победил на опенот во Оренсе (2003), го поделил 1-то место на опенот во Монтцада (2004), победил на опенот во Малага (2005), го поделил 6-то место на силниот опен во Хавана (2007) и се разбира, Бенаскуе 2007. Исто така Чоловиќ победил или бил мегју првопласираните на многу рапид (со забрзано темпо) турнири во Франција, Италија и Шпанија.
maksah.org: Дали го очекувавте овој одличен резултат на силниот шаховски турнир во шпанскиот град Бенаскуе, каде во конкуренција на 459 играчи освоивте 7 поени од 10 можни и трет бал за велемајстор, по оној првиот во Беране (Црна Гора) и вториот во Малага (Шпанија)? A.Чоловиќ: - Континуираната работа во текот на многу години резултирше со мое шаховско созреванје и континуирани добри резултати. Се потрудив да се подготвам добро за турнирот во Сорт, Шпанија, кој му претходеше на Бенаскуе. И покрај добриот резултат на крајот, не без задоволен од играта на тој турнир. Во Бенаскуе ресив да бидам уште поконцентриран и посакуваниот резултат не изостана. maksah.org: - Како успеавте да го совладате силниот руски велемајстор Олег Корнеев? Опиши ни ја таа партија накратко? A.Чоловиќ: - Лесно! Корнеев, кој минатата година имаше рејтинг од 2671, е според мене надобриот опен играч во Европа. Има агресивен стил, секогаш ги игра најпринципиелните варијанти и е одлично подготвен во отварањето. Но, јас успеав да го изненадам во отварањето со тоа што применив една варијанта, која ја немам играно подолго време. Станува збор за варијантата на "отровен" пешак во Најдорфовата сицилијанка, варијанта која оваа година доживеа бум, со примена прво од страна на Раџабов а потоа и од Мотулев, Ананд, Широв и останатите. Тука варијантите и анализите одат до длабока завршница, до 35-40 потез. Корнеев не очекуваше јас да ја применам оваа варијанта и фактот што тој кога го одигра својот 22 потез (кој беше новост), имаше уште само 2-3 минути на часовникот (контролата беше 90 минути + 30 секунди на потез за цела партија), доволно говори за тоа колку бил изненаден. Всусност, по тој 22 потез белиот беше комплетно изгубен, без никаква компензација за 3-те пешки, кои обично се жртвуваат во таа варијанта. Партијата траеше до 73-от потез, но практично заврши на 22-от. Јас можев да победам и побрзо, но играв најсигурно што можев и затоа реализацијата се одолжи. maksah.org: - Кога почуствувавте дека велемајсторскиот бал може да стане ваша реалност? A.Чоловиќ: - После неколку дена по завршувањето на турнирот! Имав компликации на враќањето од Шпанија, па дури кога стигнав во Скопје и се одморив малку, сфатив што всушност постигнав во Шпанија. maksah.org: - Против кого бесе најтешко, а кого најлесно го принудивте на капитулација? A.Чоловиќ: - Најтешко ми бесе во 3-то коло, кога не успеав да постигнам победа во подобра позиција против еден шпански ФМ. А најлесно, па можеби против Корнеев! maksah.org: - Сите услови се исполнети, а сега само е потребен рејтинг од 2500 поени за да се закитите со највисоката шаховска титула. Кога Македонија ќе го добие најновиот 8-ми по ред велемајстор, на кое ќе го пишува вашето име? A.Чоловиќ: - Во најскоро можно време... А за тоа се потребни турнири, на кои треба да ги освојам потребните рејтинг поени (околу 20-на ). Плановите до крајот на годината сеуште не ми се дефинирани, но се надевам дека на следните неколку турнири ке успеам да ја завршам таа работа и официјално да станам првиот македонски ВМ, кој сите ВМ норми ги освоил во странство. maksah.org: - Дали очекувате новиот селектор на машката селекција, кој до 10-ти септември годинава ќе биде познат и избран од УО на ШФМ, да ве повика во националниот дрес? A.Чоловиќ: - Да, очекувам. Веке подолго време јас сум најактивниот македонски шахист кој постигнува резултати а и повеке од 2 години сум во првите 5 на македонската рејтинг листа. На последната листа од јули 2007, сум 4-ти, а веројатно така ке остане и на октомвриската листа која ќе следи. maksah.org: - Зошто Александар Чоловиќ и покрај одличните резултати ширум Европа, не беше досега повикуван од актуелниот селектор Роландо Кутиров? A.Чоловиќ: - Подобро лугјето да се прашуваат: зошто не сум бил повикан, отколку зошто сум бил повикан?. Впрочем, одговорот го добивте токму вие од Кутиров, кога му го поставивте истото тоа прашање на пресс-конференцијата, пред ЕП во 2005 година, а тој ви одговори дека немал целосен увид во мојата форма (и покрај забелезителните резултати), бидејќи сум играл во странство и дека не сум настапувал на домасните шампионати... maksah.org: - Што после велемајсторската титула? Целта е исполнета, ќе продолжите ли да играте професионално шах како досега или...? A.Чоловиќ:- Шахот е работа која создава зависност! Не бадијала рекле, еднаш шахист, цел живот шахист. Сигурно ке продолжам да играм. maksah.org: - Во текот на целата година речиси играте шах на многу турнири. Колку дневно другарувате со фигурите, дали е тежок шаховскиот живот и дали може да се живее од него? A.Чоловиќ: - Во годината немам таков ден. Некои денови работам од утро до мрак, некои денови по половина час можеби, но ако не погледам барем малку шах во денот се чувстувам како нешто да ми недостасувало. Шаховскиот живот не е ниту лесен, ниту комотен. Шаховскиот професионалец мора да е во постојано движење, од турнир на турнир. Тоа не е вообичаена работа, но затоа е интересна и возбудлива... Што се однесува до средствата за живот, прашајте било кој шахист и тој ке ви каже дека од шах не се живее. Јас би додал - зависи од тоа колку си добар. Но, разликата помеѓу шаховската професија и останатите, е во нејзината суштина... Во другите професии, човек оди на работа, работи од 8-16h, оди дома и може слободно да заборави на работата и да се посвети на нешто друго и на крај на месецот ке добие плата. А шахистот, тој прво мора да работи сам (често и повеке од оние од 8-16h), за кое никој ништо не му плаќа. Но работата не престанува тука, шахистот постојано мисли на шахот: варијанти, противници, турнири, мора да ги следи последните збиднувања во шаховскиот свет, што се одиграло, итн итн. А за да заработи, тој треба да победи и да биде подобар од исти такви луѓе, кои работеле со денови и се трудат да го победат него. И сето тоа повторно не е никаква гаранција дека тој ке заработи, затоа што само еден лош ден во текот на турнирот, може да значи и никаква заработка. Притисокот и стресот се константни, а наградите ретко кога соодветни. Сумирано, јас би рекол дека може да се живее од шахот, но не е лесно... maksah.org: - Како и каде го користите слободното време, кога не сте во турнирската арена? A.Чоловиќ:- Зависи каде се наоѓам. Кога сум во Скопје, најчесто се гледам со семејството, со другарите и пријателите. Но, само ако тој ден сум завршил со тоа што сум планирал да го сработам! maksah.org: - Како ја оценувате досегашната работа на новиот УО и претседателот на ШФМ, ако имате сознанија за нивната активност, нормално? A.Чоловиќ: - Мислам дека работите конечно тргнаа во позитивна насока, после повеќегодишното мртвило. Договорот за спонзорство со МАТ и добивањето на организацијата на ЕКК за 2009 година само го потврдуваат тоа и се надевам дека и ке се продолжи во таа насока... maksah.org: - Дали користите компјутер во подготовките и дали шахот има иднина, покрај употребата на шаховските машини? A.Чоловиќ: - Денес не може да се игра професионално без компјутер... Впрочем, победата против Корнеев немаше да биде така лесна без квалитетната подготовка, која ја направив благодарејки на компјутерот. А шахот има иднина, затоа што човекот секогаш ке сака да покаже дека е подобар од друг човек, без разлика што во најблиска иднина машините ке бидат за класа подобри од луѓето. maksah.org: - Дали сте задоволен од условите во твојот клуб Алкалоид и дали членувате и во некој друг клуб? A.Чоловиќ:- Алкалоид е единствениот професионален клуб во земјата и тоа доволно кажува. Условите се на добро ниво и односите се професионални, како што и треба да биде. Во корист на македонскиот шах би било, кога би имало повеќе такви клубови, кои би создале конкуренција, затоа што само со конкуренција се напредува. Инаку, член сум на клубови во Франција и Шпанија, каде што играм во соодветните лиги. maksah.org: - Кој е според вас најсилниот шахист на сите времиња? A.Чоловиќ: - Фишер. maksah.org: - Најдрага победа? A.Чоловиќ: - Корнеев, Бенаскуе 2007 (можеби, затоа што е најсвежа), Јоселиани - "Ст. Винсент 2000", Комаров - "Барлета 1999". maksah.org: - Во кој странски град се чуствувате најпријатно кога настапувате? A.Чоловиќ: - Турнирите ретко се одржуваат во градови, обично се гратчинја или села. Но, општо земено, многу пријатно се чувствувам во Барселона, Лондон, Ница и Милано. maksah.org: - Што би им препорачале на младите шахисти во Македонија? A.Чоловиќ: - Да се вљубат во шахот или да преминат на тенисот... maksah.org: - Кое е вашето омилено отворање? A.Чоловиќ: - Сицилијанска одбрана. maksah.org: - Боја на фигури? A.Чоловиќ: - Не е значајно, позначајно е да победам! maksah.org: - Шаховски идол во младоста? A.Чоловиќ: - Капабланка и Фишер. maksah.org: - Колку турнири и партии отприлика сте оддиграле досега? A.Чоловиќ: - Повеке од 1200 партии и околу 200 турнири. Гоце Илковски
|