energomont
bauer
drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
PDF Печати
Среда, 19 Септември 2007 16:33

Разговор со Атанас Кизов

 

ИМ Атанас Кизов, новиот селектор на машката шаховска репрезентација на Македонија

Најсилните Мак-шахисти бараа моја кандидатура.

Скопскиот интернационален мајстор Атанас Кизов од 10 септември годинава, поточно од последната 5.Седница на УО на ШФМ е новиот селектор на машката шаховска репрезентација. Секако, голема чест, но истовремено и сериозна обврска. На таа седница, со тајно гласање на присутните седум членови на УО на ШФМ, Кизов во вториот круг доби четири гласови, еден повеќе од најголемиот претендент за оваа функција, нашиот истакнат велемајстор и носител на поединечен златен медал од Шаховската олимпијада во Истанбул 2000 година, Драгољуб Јаќимовиќ. Инаку, за селекторската функција се кандидираа, покрај Кизов и Јаќимовиќ, уште и фм Љубиша Андоновски и им Тони Кироски, но тие отпаднаа уште по првиот круг на гласање. Атанас Кизов на селекторското "столче" доага на местото на вм Роландо Кутиров.

maksah.org му посакува многу успех на селекторската функција.


maksah.org: Дали и пред почетокот на 5.Седница на УО на ШФМ, очекувавте дека ќе ја добиете довербата на членовите на УО, односно ќе бидете избран за нов селектор на машката шаховска репрезентација?

А.Кизов: - Многу не размислував за тоа, но мислев дека имам добри шанси.

maksah.org: Зошто се кандидиравте, односно ја прифативте улогата на мак-селектор, кога на "64 полиња", играчки се уште не сте го кажале последниот збор?

А.Кизов:- Главен мотив за кандидирање беше мислењето на нашите најсилни играчи, дека токму јас сум најпогодната личност, која може да го замени досегашниот селектор Кутиров и кој ќе може многу да им помогне во шаховските подготовки на самото натпреварување.

maksah.org: Потајно пред изборот, во кого гледавте најголем ривал за оваа знацајна функција?

А.Кизов: - Искрено, воопшто не размислував за тоа...

maksah.org: Дали сметавте дека конкуренцијата ќе биде поголема, односно помасовна од пријавените цетири кандидати?

А.Кизов: - Повторно ќе повторам: воопсто не раzмислував на иzборот и колку кандидати ќе се пријават. Јас само поради нашите најдобри играчи го сторив тоа, односно се кандидирав.

maksah.org: Во јавноста се спекулира со разни имиња кои ви го дадоа гласот вам. Можете ли вие отворено да обелодените, кои членови на УО гласаа за вас, токму поради шпекулациите кои кружат во и околу шаховските кулоари, иако гласањето беше тајно?

А.Кизов: - Точно не жнам кои членови гласале за мене, бидејќи по мојот избор, не сум се ни интересирал да дознаам, но можам само да претпоставам...

maksah.org: Какво е вашето мислење, за сега веќе, екс-селекторот, вм Роландо Кутиров и неговиот коментар за негово нетранспарентно сменување, поточно неинформирање, дека тоа се подготвува преку јавен конкурс?

А.Кизов: - Моето мислење за Кутиров како селектор и како комплетна шаховска личност е позитивно, а недоразбирањата помеѓу Кутиров и ШФМ, не би сакал да ги коментирам.

maksah.org: Дали како нов мак-селектор, ќе ги земете во предвид само сегашните критериуми за состав на репрезентацијата или ќе настојувате да воведете, односно побарате од УО на ШФМ, уште некој додатен критериум?

А.Кизов: - Моите критериуми се следниве:
1. Успеси на меѓународни шаховски турнири.
2. Рејтинг.
3. Задоволителен пласман на Поедничниот машки шампионат на Македонија за оваа 2007 година.
4. Победнички менталитет и чувство за одговорност на екипни натпревари.
5. Позитивен екипен дух.

maksah.org: Дали конечно ќе се решите на извесно подмладување на селекцијата или повторно ќе се потпрете на старите проверени и искусни кадри?

А.Кизов: - Составот на машката шаховска репрезентација ќе биде следниот:
1
. ВМ Владимир Георгиев (2568)
2.
ВМ Никола Митков (2535)
3.
ВМ Трајко Недев (2524)
4.
ВМ Звонко Станојоски (2471)
5.
ИМ Александар Чоловиќ (2472)

maksah.org: Зошто претходно не го објавивте поширокиот список на можните репрезентативци?

А.Кизов: - Затоа што во моментов мислам дека тие можат да го дадат својот максимим и најмногу да придонесат за подобро претставување на нашата репрезентација на претстојното ЕП. Инаку, пред да го објавам составот, истите играчи за кои сум се одлучил, ги консултирав и тие прифатија да играат за репрезентација, така да немаше потреба да објавувам поширок список, имајќи во предвид, дека во овој момент, по мое мислење, овој состав е најдоброто решение.

maksah.org: Дали во националниот дрес може, според вас, како селектор, кој имате и свое право на одлучување, да влезе шахист по ваш слободен избор и образложение, надвор од постоечките критериуми, како што е тоа во повеќето екипни спортови?

А.Кизов: - Јас мислам дека составот го избирам најсовесно и кога би се случило Управниот одбор да не го прифати мојот понуден ижбор, веднаш би поднел оставка на местото мак-селектор.

maksah.org: Дали во подготовките повторно ќе се оди по стариот систем - затворени во четири ѕидови или овој пат, конечно ќе се размислува малку повеќе и на физичката подготвеност, толку неопходна во четвртиот и петтиот час на игра, а која многумина светски шахисти и тоа како ја применуваат?

А.Кизов: - Доколку имаме подготовки, а мислам дека претседателот ќе се потруди да ги обезбеди, без разлика на краткиот период за нивно организирање (веќе е при крај договарањето на пријателскиот возвратен меч со соодветната репрезентација на Црна Гора, кој би требало да се одржи на 25 октомври), ќе гледам да има и физички подготовки, иако главен акцент, повторно ќе се стави на теоретските шаховски подготовки, со помош на веќе неизбежниот компјутер.

maksah.org: Дали сегашната функција ќе значи извесно дистанцирање на Атанас Кизов од активното играње во турнирските сали?

А.Кизов: - Мојата сегашна функција никако нема да значи прекин на активното играње шах на разни турнири...

maksah.org: Сметате ли дека, под вашето "диригентско стапче", мак-селекцијата ќе може да го повтори успехот од Шаховската олимпијада во Истанбул, Турција?

А.Кизов: - Многу е тешко да се повтори тој голем успех од Истанбул, меѓутоа, спортски е да се надевате... Наше е да го дадеме максимумот, па што ќе биде нека биде...

maksah.org: Дали на вашето шаховско биро веќе имате подготвено првичен концепт за работа со репрезентацијата?

А.Кизов:- Концепт имам направено и веќе сум во контакт со сите играчи и сите тие се запознати со тој мој концепт на работа.

maksah.org: Можно ли е Македонија во блиска иднина да "скокне" на светската рејтинг- листа, околу 15-на места и да влезе мегу првите 30 селекции во светот?

А.Кизов:- Секогаш може подобро, имајќи впредвид, дека нашите играчи играат подобро од рејтингот што моментно го имаат.

maksah.org: Дали ќе инсистирате преку УО и претседателот на ШФМ, ако е можно нормално, во националниот состав да влезе и некое поквалитетно странско велемајсторско име?

А.Кизов: - Нема да инсистирам на некој силен странски велемајстор, меѓутоа не би бил ни против доколку има можности за тоа.

maksah.org: Дали ќе барате од УО на ШФМ помошник во вашата работа, како во фудбалот, одбојката, кошарката и слични екипни спортови, потоа одредени поквалитетни секунданти (можно е и од странство), за што подобри подготовки пред и во текот на значајните натпреварувања кои ќе следат во вашиот селекторски мандат?

А.Кизов: - Мојата работа како селектор ја подразбирам така што, истовремено ќе работам и како секундант и ќе помагам во подготовките на нашите репрезнативци, така што помошник од тој аспект не ми е потребен. Нормално, секоја помош е добредојдена и доколку има можност за тоа, јас како свој помошник би го избрал сегашниот Стручен секретар на ШФМ, фм Иван Кочовски.

maksah.org: Како селектор на нашите шаховски дами, немавте забележителен успех. Која е вашата основна желба на тој план со машкиот национален состав?

А.Кизов:- Мојата желба е да бидеме за 10 до 15 места подобро пласирани од стартното рангирање.

maksah.org: Како ја оценувате моментната состојба во мак-шахот и работата на новиот УО на ШФМ на чело со претседателот Петар Гичаровски?

А.Кизов: - Јас сметам дека претседателот, заедно со Управниот одбор, работат добро и дека максимално се трудат да им помогнат на шахистите и на шаховската организација на разлицни начини: дали преку организирање на првенства, дали преку обезбедување на авионски билети, за да можат нашите шахисти да играат надвор од нашата земја и слично. За прв пат, после подолго време, нашата држава доби едно од најквалитетните светски шаховски натпреварувања воопшто -Европски клупски куп, каде учествуваат најсилните, односно шампионите на своите држави и многу познати светски шахисти.
Што се однесува до состојбата во македонскиот шах, таа е алармантна, бидејќи се губи интересот кај младите шахисти за професионално занимавање со древната игра. Тоа е една од основните активности на претседателот, заедно со УО - да го вратат тој интерес... Еве сега е во фаза на реализација "Шаховски парк" во центарот на Скопје, со кој можат да се пофалат само неколку светски метрополи.

maksah.org: Дали сметате дека треба нешто да се менува во домашниот шах, на играчки, организационен или сличен план?

А.Кизов: - Нормално е дека треба многу работи да се сменат, но се тоа е поврзано со финансиски средства. Кога би имало доволно пари во Македонија, би имало и шахисти и шаховски работници, кои би знаеле, како да ја подобрат состојбата во македонскиот шах. Затоа, треба државата многу повеќе да посвети внимание на спортот, посебно на шахот, како нејзин најуспешен спортски претставник.

maksah.org: Вашето семејство е 100% шаховско. Како на вашиот избор реагираа, вашиот брат Владимир, таткото Ристо...?

А.Кизов: - Моето семејство е задоволно од мојот избор за селектор. Секако, тие реагираа позитивно...


Кој е новиот Мак-селектор?

Новиот селектор Атанас Кизов е роден на 12.03 1973 година во Скопје. По образование е Физичар-техничар. Зборува течно англиски, руски и српски јазик, а послабо се служи и со италијанскиот јазик. По професија, се декларира како професионален шахист.
Неговата шаховска биографија е многу богата: тој е интернационален шаховски мајстор и официјален Фиде - шаховски тренер. Бил шаховски тренер на машката и женската шаховска репрезентација на ЕП во Пула (1997) и на Шаховската олимпијада во Елиста, руска република Калмикија (1998); капитен на женската шаховска репрезентација на Шаховската олимпијада во Батуми, Грузија (1999); член на машката шаховска репрезентација на Шаховската олимпијада во Истанбул, Турција (2000), каде Македонија го подели инзвонредното 7-12. место. Истата година, Агенцијата за млади и спорт го прогласува Кизов, заедно со останатите членови на мак-репрезентација, за "заслужен спортист" на Р.Македонија.
Атанас Кизов бил и личен секундант на вм Кирил Георгиев на Шаховската олимпијада во Блед, Словенија (2002); шаховски тренер на машката и женската репрезентација на Шаховската олимипјада во Палма де Мајорка, Шпанија (2004) година. Исто така бил и член на машката шаховска репрезентација на ЕП во Гетеборг, Шведска (2005), како и член на машката шаховска репрезентација на Шаховската олимпијада во
Торино, Италија (2006).
Како шаховски тренер, работел со многу познати шахисти, како сто се велемајсторите Никола Митков, Владимир Георгиев, Трајко Недев, Кирил Георгиев, Роландо Кутиров, потоа тренерска работа применува и со помлади категории во Србија, а истовремено е и официјален шаховски тренер на повеќе шаховски интернет сајтови.

Првата норма за интернационален мајстор ја освоил на меќународниот Опен турнир во Скопје (1997). Го поделил првото место на Поединечниот шампионат на Македонија (2000) и ја освоил втората норма за интернационален мајстор. Второто место на меѓународниот "бергер" шаховски турнир во Инѓија, Србија (2004), му ја донесе и третата норма за интернационален мајстор. Кизов бил втор на меѓународниот "бергер" турнир во Суботица, Србија (2004), каде ја "прокнижил" и својата четврта норма за интернационален мајстор! На меѓународниот Опен турнир во Бар, Црна Гора (2005), го освојува одличното четврто место и за првпат ја исполнува првата норма за велемајстор, која ја надминува за половина поен! Интернационалната шаховска титула, ФИДЕ му ја признава во 2005 година, додека, официјалното заверување на титулата ФИДЕ шаховски тренер од старна на Светската шаховска федерација, се случува истата 2005 година.

Атанас Кизов уште ги освоил и следниве пласмани: 10.место на меѓународниот Опен турнир во Париз, Франција (2006); четврто место на мегународниот Опен турнир во Падова, Италија (2006); осмото место на мегународниот Опен турнир во Монтекатини, Италија (2006); четвртото место на меѓународниот Опен турнир во Неапол, Италија (2006); го поделил 5-9.место на меѓународниот рапид турнир во Аргента, Италија, каде учествувале повеќе од 20 велемајстори!!, петтото место на меѓународниот Опен турнир во Рицоне, Италија (2007); второто место на меѓународниот Опен турнир во Поситано, Италија (2007); третото место на меѓународниот Опен турнир во Неапол, Италија (2007); шестото место на меѓународниот Опен турнир во Кремона, Италија (2007) година. Славел и на повеќе рапид турнири во Србија, каде учествувале многу силни и признати шаховски имиња. Кизов досега бил член на повеќе македонски, босански и српски шаховски клубови, со кој постигнувал забележителни резултати.






Гоце Илковски