|
Шампионатот на Македонија во шах за 2011 година ќе се одржи од 09-22 мај во Скопје. На оваа страница ќе можете да ги следите сите случувања поврзани со Шампионатот. Од 30 април до 09 мај секој ден ќе ви претставиме по еден од 10-те финалисти, а за време на турнирот ќе можете секојдневно да ги следите резултатите и партиите од турнирската сала. Следете не!
|
|
Четврток, 19 Мај 2011 20:15 |
 Велемајсторот Трајче Недев е шампион на Македонија за 2011 година. Ова е епилогот од Шампионатот на Македонија кој заврши денес во хотелот Континентал во Скопје.
|
|
Повеќе...
|
|
Среда, 18 Мај 2011 22:52 |
|
Недев го презеде првото место на табелата од Георгиев по денешната победа против Марјан Митков. Георгиев ремизираше со Панчевски и сега заостанува половина поен зад водечкиот.
|
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Мај 2011 21:56 |
 Мирољубиво заврши партијата помеѓу водечките Недев и Георгиев за одржување на неизвесноста околу победникот до крајот на Шампионатот. Овој резултат не успеа да го искористи третопласираниот Панчевски кој загуби од Петровски.
|
|
Повеќе...
|
|
Понеделник, 16 Мај 2011 22:32 |
|
Станојоски и Георгиев ремизираа во велемајсторското дерби, резултат кој го искористи Недев и со победата против младиот Петровски се изедначи со Георгиев на врвот на табелата.
|
|
Повеќе...
|
|
Недела, 15 Мај 2011 19:29 |
|
Менкиноски победи во одложената партија со Митков од првото коло, која се одигра денес на слободниот ден од Шампионатот. По оваа партија, на четири кола до крајот табелата изгледа вака:
|
|
Повеќе...
|
|
Сабота, 14 Мај 2011 22:41 |
|
Сите пет партии од денешното коло на Шампионатот завршија со одлучен резултат. Нови победи за водечките Георгиев и Недев против Стојановски и Менкиноски. Прва победа за Чоловиќ, кој предходно имаше четири реми, против Марјан Митков.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>
|