alk_m
energomont
bauer
drim1
novamakedonija
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
Недев е шампион на Македонија за 2011 PDF Печати
Четврток, 19 Мај 2011 21:15

sfmВелемајсторот Трајче Недев е шампион на Македонија за 2011 година. Ова е епилогот од Шампионатот на Македонија кој заврши денес во хотелот Континентал во Скопје.

Недев освои 7 поени, половина повеќе од Георгиев кој беше во водство после првата половина од турнирот. Третото место му припадна на Филип Панчевски кој освои 5.5 поени. На делба на третото место се искачи Звонко Станојоски но поради дополнителните критериуми, велемајсторот од Прилеп е четврти во севкупен пласман. Првата половина од турнирот завршува со Александар Чоловиќ кој освои 5.0 поени.

nedev

Понатаму следуваат Менкиноски со 4.5, Стојановски со 4.0, Митков со 3.0, Петровски со 2.5 и Велески 1.5 поен.

Шампионатот помина во убава и борбена атмосфера. Видовме многу добри партии, пресврти и неочекувани резултати. Организацијата беше на високо ниво, за што се погрижија Шаховската федерација на Македонија, генералниот спонзор Алкалоид и хотелот Континентал, во кој се одржа шампионатот.

Наградниот фонд изнесуваше 300 000 денари. Основниот награден фонд од 270 000 денари беше поделен во 5 награди, а на победникот му припаднаа 90 000. Дополнителни 30 000 денари беа доделени како награда за борбеноста, односно за победите на ненаградените учесници. За секоја од 10-те извојувани победи тие добија по 3000 денари. Тројцата најдобро пласирани изборија право на учество за следниот Шампионат во 2012 година.

Судии на првенството беа Иван Кочовски и Сашко Лакински.

Погледнете ги партиите од последното коло:


Комплетните резултати, табела и останатите показатели за играта на учесниците, можете да ги погледнете овде.

Партиите во pgn формат можете да ги преземете овде.


 
Шампионат на Македонија во шах 2011 - финалисти