alk_m
energomont
bauer
drim1
novamakedonija
khantry design
FIDE - Светска Шаховска Федерација, банер
ecu-baner
Мај 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
Зголемен наградниот фонд на ОПЕН КАРПОШ PDF Печати

karpos_logoПо дополнителни консултации со организаторот на турнирот, Општина Карпош, зголемен е наградниот фонд на 17500 евра. Како информација за квалитетот и големината на турнирот зборува и вкупниот буџет кој изнесува преку 30000 евра. На турнирот ќе има преку 30 поканети гости, силни велемајстори со рејтинг повисок од 2550 поени, од преку 20 земји во светот. Турнирот ќе биде одлична можност за нашите шахисти да освојат меѓународни велемајсторски и интермајсторски норми.

Од вкупно 31 награда (17 за пласман и 14 специјални награди), за издвојување е првата награда од 3500 евра, како и наградите  за најдобри шахистки (500, 300, 200 евра), најдобри шахисти со рејтинг од 2200 до 2400 поени (400, 300, 200 евра), најдобри шахисти со рејтинг од 2000 до 2200 поени (300, 200, 100 евра) и шахисти со рејтинг помал од 2000 поени (200, 100, 100 евра). Секако дека ќе бидат наградени и најдобриот ветеран и најдобриот младинец.

За сите информации преземете го новиот Распис на турнирот.