|
Интернационалниот мајстор Филип Панчевски е победник на меморијалниот турнир „Руди Алибегов“ кој традиционално се одржува во Скопје во организација на шаховскиот клуб „Карпош“. На турнирот настапија 44 шахисти а се играа 7 кола по швајцарски систем.
Панчевски со 5 победи и 2 реми стигна до првото место а зад него се пласираа Дејан Стојановски и Зоран Стојчевски со 5.5.
Најдобри во специјалните категории се:
- шахист со рејтинг од 2000-2200 - Владимир Владимиров - шахист со рејтинг помал од 2000 - Сашко Ефтовски - шахистка - Моника Стојковска - ветеран - Илија Стошевски - ненаграден член од ШК Карпош - Слободан Цветковски
Ден порано се одржа турнир во јуниорска конкуренција на кој победи Кренар Таири со максимални 6 поени од 6 кола. Втор беше Христијан Велковски со 4.5 а трет Кристијан Цакончев со 4. Настапија 16 јуниори.
- Меморијал „Руди Алибегов“ - табела - Јуниорски турнир „Руди Алибегов“ - табела |