| Велемајсторот Петков од Бугарија победи на божиќниот викенд |
|
|
Општина Карпош и шаховскиот клуб Гамбит Асеко-Сее продолжуваат со шаховски активности и оваа година. Изминатиов викенд беше одржан меѓународен турнир во забрзан шах, кој може да се пофали и со масовност (66 учесници) и со квалитет.
Покрај најдобрите Македонски шахисти настапија и шест учесници од соседството, а победи Бугарскиот велемајстор Владимир Петков со 7.5 поени од 9 партии. Најдобар од нашите шахисти беше Зоран Стојчевски кој го освои второто место со 7 поени, исто колку и Трајко Недев, но со подобар Бухолц. Конечна табела ![]() Најдобар до 18 години - Тони Лазов (11 години).
Организаторот покрај редовните награди подели и специјални, и тоа: - Најдобар млад играч (до 18 години) е Тони Лазов - Најдобра шахистка е Моника Стојковска - Најдобар ветеран е Љубомир Хаџиманев - Најдобар шахист со рејтинг помал од 2000 поени - Љупчо Ѓоршев Турнирот се одржа во старите простории на Општина Карпош во убава атмосфера, а судии беа Иван Кочовски и Сашко Лакински. |
















Општина Карпош и шаховскиот клуб Гамбит Асеко-Сее продолжуваат со шаховски активности и оваа година. Изминатиов викенд беше одржан меѓународен турнир во забрзан шах, кој може да се пофали и со масовност (66 учесници) и со квалитет.
Покрај најдобрите Македонски шахисти настапија и шест учесници од соседството, а победи Бугарскиот велемајстор Владимир Петков со 7.5 поени од 9 партии. 