| Заврши 19-ти ОПЕН Скопје, победник е Роберт Маркуш |
|
|
|
Тројца наши репрезентативци се пласираа во првите пет што сигурно ќе придонесе за позитивна атмосфера во нашиот состав пред утрешното заминување на Европското првенство во Порто Карас, Грција. Но, да се вратиме на наградените: награди не освојуваа само најдобрите 10 на табелата. Специјални награди освоија: Уметникот Живко Поповски - Цветин подари свои слики на победникот Роберт Маркуш, потоа на Моника Стојковска и на најмладиот учесник Тони Лазов. Турнирот го затвори претседателката на ШФМ, Лидија Софревска-Андонова која изрази благодарност до генералниот спонзор Алкалоид АД.-Скопје и до Агенцијата за Млади и Спорт, при што упати порака до учесниците, следната година да се видиме повторно на јубилениот 20-ти ОПЕН Скопје 2012. ОПЕН Скопје помина во убава и борбена атмосфера а хотелот Континентал овозможи одлични услови за игра. |
















Денес е спуштена завесата на 19-тиот ОПЕН Скопје, а српскиот велемајстор Роберт Маркуш и во второто гостување во Македонија си заминува со победнички пехар. Тој освои 6.5 поени од 9 партии
и го подели првото место со Георгиев, Тодоровиќ, Станојоски и Панчевски. Маркуш е прв по дополнителните критериуми и покрај пехарот си заминува со парична награда од 1260 евра (првата награда изнесува 1500 евра но наградите се делат при делба на место).