|
|
| Сабота, 27 Септември 2008 16:30 |
|
Дали сте знаеле?
En passant
Ова правило првпат било применето во 15 век, но општо прифатено дури во 1880 година Euwe, Max (1901 - 1981 ) Светскиот првак од 1935-37 Макс Еве еднаш бил и аматерски првак на Европа во Бокс. На меч-турнирот во 1948 за титулата светски првак Еве со себе носел боксерски ракавици. Кога го прашале зошто, рекол дека тоа му го подигнува борбениот дух. Вечно зелена партија Ова име на партијата помеѓу Anderssen и Dufresne и го дал Steinitz поради нејзината убавина. Партијата е играна во Берлин 1852. Знакот "!" Прв пат знакот извичник за шаховски потег се појавил во Стаунтон-овата Chess Player's Chronicle и со него бил означен слаб потег. Fahrni, Hans (1974-1939) Прв мајстор кој играл симултанка против 100 противници. Симултанката се одржала во Минхен 1911. Постигнал 55 победи, 39 реми и 6 порази за време на 7,5 часа, колку што траела симултанката. Valdiviesco, Don Antonio de (? - 1550) Никарагвански свештеник кој бил убиен во својата црква додека играл шах. Alfonsi, Petro Лекар на кралот Henry I и писател на книгата Disciplina Clericalis (Clerks Instruction). Го вклучил шахот како една од седумте потребни вештини кои треба да ги познаваат витезите. Останатите се: јавање, пливање, стреличарство, бокс, лов со сокол и пишување стихови. Кружен турнир Првиот кружен шаховски турнир во кој шахистите играле со сите останати учесници на турнирот бил London International во 1862 година. На овој турнир, партиите кои завршувале реми се преигрувале додека не се добиел победникот. Шаховски судија Најмлад шаховски судија кој судел на еден голем турнир била Sophia Gorman, која на 19 одини судела на турнирот на кандидатите за Светски првак. Фиде ја воведила титулата меѓународен судија во 1951 година. Судијата мора да знае барем два од петте службени јазици на Фиде (англиски, француски, германски, руски и шпански) Winter-овиот комитет Комитет основан со цел да собере средства за британскиот шампион William Winter, кој користел алкохолни пијалоци за време на меѓународниот турнир во Лондон во 1927 година. Комитетот собрал 300 долари така да Winter, во не баш трезна состојба, победил на првите три партии. Под дејство на алкохол тој ги совладал Reti, Nimtzovic i Coll. Сепак, ги потрошил сите пари во првите три дена. Winter-овиот комитет не можел да обезбеди повеќе пари, така да Winter го одиграл остатокот од турнирот во трезна состојба. Сите партии до крајот ги загубил. Shanon, Claude Прв човек кој опишал како компјутерите можат да се прогамираат да играат шах, во 1948 година Billah Багдадски калиф кој го компонирал првиот шаховски проблем, во 840 година. Одлучувачка партија Кога Александар Котов и Михаил Ботвиник ја играле последната партија на 11-тиот шампионат на СССР во Ленинград 1939-та, масата на луѓе кои сакале да го гледаат нивниот меѓусебен дуел била толку голема што морало да се постави демонстрациона табла надвор од салата за игра за оние гледачи кои не успеале да влезат во салата. Толпата толку се зголемила што го блокирала сообраќајот. Ботвиник ја добил партијата и го освоил шампионатот. "Шахот е мојот живот" Наслов на автобиографиите на Карпов и Корчној. Советските шахисти Во СССР во 1923-та година биле регистрирани само околу 1000 шахисти. Во 1949-та дури 125 000 шахисти учествувале во натпреварите за шампионатот на СССР. Tartakover, Savieli (1887 - 1956) Еднаш велемајсторот Тартаковер загубил пет партии по ред. Кога го прашале како се случило тоа, одговорил: "Во првата партија имав забоболка. Во втората имав главоболка. Во третата имав ревматски болки, а во четвртата не се чувствував најдобро. А петтата партија? Па морам ли да победам во секоја партија? Barnes, Thomas (1825-1874) Добил повеќе партии против Paul Morphy од било кој друг шахист: победил на 8 а загубил 19 партии. Преминал на диета и за 10 месеци загубил 65kg, што било причина за неговата смрт. Fagan, Mathilda (1850-1931) Победничка на турнир во Бомбај, Индија, на кој учествувале 12 шахисти. Ги добила сите партии. Сепак, била дискфалификувана поради тоа што во клубот членството било ограничено само на мажите. Се жалела на суд и го добила спорот. Подоцна станала активист за еманципација на жените. Morphy, Paul Само во слободните партии кои се забележани, Morphy жртвувал 52 кралици, 97 топа, 263 ловци и 136 коњи. Тежок потег Најдолго за еден потег размислувал Francisco R.Torres Trois во партијата против Luis M.C.P Santos, во Виго, Шпанија, 1980-та. Тој размислувал 2 часа и 20 минути за еден потег, во позиција во која на располагање имал само два можни потези. Шахот на ТВ Прв пат шахот се појавил во филмот The Wishing Ring во 1914-та година, додека прв филм за шахот бил Chess Fever, снимен во Москва во 1925, во кој главна улога имал Jose Capablanca. Мечот за Светски шампион Fischer - Spassky во 1972 бил најгледана ТВ емисија на каналот PBS. Koltanowski, George Влегол во Гинисовата книга на рекорди после неговата симултанка која ја одиграл во Единбург, Шкотска, во која играл 34 партии на слепо и за 13,5 часа добил 24 и ремизирал 10. Во 1960, ВМ Koltanowsky одиграл 56 последователни партии на слепо, победил 50 и ремизирал 6. Тој бил и најстариот жив Велемајстор (умрел во 2000-та во Сан Франциско, САД) Во својот живот напишал 30 шаховски книги. Steinitz, William Постанал прв Светски шаховски првак во 1886 година. Шахот е втор спорт во кој се одржало Светско првенство, после Билијардот во 1873-та. Steinitz и Zukertort Кога овие двајца шахисти го играле мечот за титулата Светски првак во 1886-та, и двајцата биле издавачи на шаховско списание. Steinitz бил издавач на списанието International Chess Magazine, a Zukertort бил ко-издавач на списанието Chess Monthly. И двајцата ги користеле списанијата за полемика и препукување пред мечот. Шаховски професионалци Од 1775 до 1792, Andre Philidor од фебруари до мај давал часови по шах и играл на слепо во Parsloe's Chess Club на St.James Street во Лондон. Philidor за една лекција заработувал по една круна. Во почетокот на 1850-тите Bernard Horwiz имал сличен ангажман во Chess and Coffee Room на Oxford Street, кој го основал композиторот на проблеми Josef Kling. Kaminer, Sergey Кон крајот на 1937-ма, познатиот советски композитор Sergey Kaminer му ја дал својата книга на Михаил Ботвиник, во која биле содржани сите негови шаховски студии кои ги компонирал дотогаш. Kaminer сакал да го остави своето дело за идните генерации. Во 1938-ма бил уапсен и настрадал во една од "чистките" на Сталин. Тогаш имал 30 години. Strauss, David Прв интернационален мајстор кој бил поразен од компјутер. Во 1986-та, една експериментална машина со име Fidelity го победила Strauss US Open 1986-та. N.N. Nescio Nomen, латински израз кој значи "непознато име" Вообичено во шахот се пишува N.N. за шахист чие име не е познато, најчесто во симултанка. Sutton, Willie Познатиот ограбувач на банки кој го уапсила FBI во 1952 година, кај себе ја имал книгата: "Како да размислувате однапред во шахот", чиј автор е Horowitz. Шаховски часовник Прв пат контрола на времето е применета во мечот Anderssen - Kolisch во 1861 година. Секој играч морал да одигра 24 потези за 2 часа, а времето се мерело на песочен часовник. Allgaier, Johann (1763-1823) Автор на првата шаховска книга објавена во Германија во 1795-та. Бил оператор во шаховскиот автомат "Турчин". Сориен во автоматот, го победил Наполеон Бонапарта во 1809-та. Втората Светска војна Во текот на II Светска војна животот го загубиле многу шахисти, меѓу кои: Illyin-Genevsky, Riumin, S.Weinstein (Претседател на Ленинградскиот шаховски клуб и тренер на Ботвиник), Rabinovich, Troitzky, Belavenets, Kubbel, Henrich Wolf, Vera Menchik, Olga Menchik, V.Petrov, Junge, Przepiorka, Treybal, Steiner, Votruba, Appel, H.Friedman, A.Frydman, Lowekl, Szpiro, Kremer, Kolski, Regedzinski... Елементарни шаховски завршници Една од најдобрите книги за завршници. На Reuben Fine му требале само 3 месеци да ја напише. Ragozin, Vyacheslav (1908 - 1962) Во 1994 Ragozin и Botvinnik се припремале за шампионатот на СССР. Тие се припремале со вклучено радио на максимум за да се привикнат на евентуалната галама во салата за игра. Ragozin завршил на 14-то место од 17 учесници и за тоа ја обвинил необичната тишина во турнирската сала! Rossolimo, Nicolas (1910-1975) Роден е во Киево, Италија, а родителите му биле Грци. Се преселил во Франција и 10 пати победил на шампионатот на Париз. Потоа се преселил во САД каде победил на US Open во 1955-та. Снимил плоча со Руски песни. Освоил кафеав појас во џудо. Во париз и Њујорк заработувал како таксист. Играл на три шаховски олимпијади за САД и на една за Франција. Умрел во Greenwich village после пад од подвижни скали. Saemisch, Friedrich (1896-1975) Од сите мајстори тој загубил најмногу партии на време. На еден турнир ги изгубил сите 13 партии на време. Еднаш потрошил 45 минути за првиот потег, влегол во цајтнот и загубил. На друг турнир знаменцето му паднало во 13-ти потег. Временската контрола била 2.5 часа за 45 потези. Олимпијадата во Блед На шаховската олимпијада во Блед, Словенија, 2002-ра, два члена од исто семејство играа за различни држави. Во женскиот состав на Унгарија играше ЖИМ Szidonia Vajda, додека нејзиниот брат ИМ Levente Vajda играше за екипата на Романија. |
| Последно освежено ( Понеделник, 20 Октомври 2008 18:44 ) |













Занимливости
